Екипата на Тотенхем потешко од очекувањата се пласираше во 4. квалификациско коло во Лигата на Европа, откако вечерва во Скопје славеше против Шкендија со 1:3.

Гостите од северен Лондон поведоа уште во 5. минута преку Ерик Ламела, а со истиот резултат (0-1) се замина на пауза. Во вториот дел „Тетовци“ нападнаа кон голот на „петлите“, а тоа вроди со плод во 55. минута со „торпедото“ од 20-тина метри на Валмир Нафиу.

Сепак, фаворитот ја покажа класата во продолжение, па прво предноста ја вратија со голот на Сон во 70. минута, а конечните 1-3 ги постави првата ѕвезда на тимот, Хари Кејн, девет минути подоцна.

Инаку, предводникот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо, мораше да го внесе во игра и Хари Кејн во 60. минута, кој на крајот се покажа како клучна алка во триумфот.

ФОТО: Петр Стојановски