Шише коњак од 18 век продадено за 131.000 евра

176

Ретко шише на коњак Maison Gautier, произведено во 18 век, е продадено во лондонската аукциска куќа Sotheby’s за 118.580 британски фунти, односно 131.000 евра.

Наречено Gran frer (Големиот брат), тоа е едно од последните три шишиња на коњакот Gautier од 1762 година и најголемото од трите.

Тие шишиња му припаѓале на исто семејство од крајот на 19 век, соопштија од Сотби.

На прадедото на продавачот, ова шише му го дал извесен Алфонс, сирак кој го усвоиле. Кога пораснал Алфонс во 1870 година, отишол да работи во регионото Коњак.

Деценија подоцна се вратил со многу шишиња коњак, кои му ги дале наместо плата, бидејќи голем дел од лозјата биле уништени од инсекти. Меѓу нив биле и трите шишиња Gautier, со етикети во совршена состојба.

Алфонс во 1914 година отишол во војна, од која не се вратил.

Покрај продадениот „Голем брат“, „Малиот брат“ (Petit Frère) е продаден на аукција во Њујорк во 2014 година, а третото шише наречено „Мала сестра“ (Petite Soeur) е изложено во Музејот Gautier на југозападот на Франција.