Шише вино од кое нема да ви падне ниту капка – сè е наука!
Благодарение на биофизичарот и љубител на виното Даниел Перлман наскоро нема да се грижите за виното, кое капе од врвот на шишето на маса, или на вашата облека. По тригодишно истражување тој открил дека решението е во дизајнот на врвот на шишето. На пазарот се продаваат разни додатоци кои можат да спречат капење на вино од шишето, а многу од нас тоа го решаваат со хартиена салфетка. Сепак Перлман сакал тоа да изгледа поелегантно и осмислил нов дизајн на шишето.