Шилегов: Ја повикувам Арсовска заедно со Мицкоски на дебата да ги соочиме концептите за Скопје

177

Во ниту еден момент госпоѓата Данела Арсовска не беше нападната, а јас сум предмет на црна кампања повеќе месеци, со избегнувањето дебати таа ги потценува скопјани затоа што на овие дебати ние треба да се соочимеза да ги видиме концептите за градот, а не на недемократски начин со со закани и недолични пораки, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали би и се извинил на противкандидатката Арсовска за локалните избори бидејќи таа посочи дека е навредена на лична основа.

-Арсовска е должна кон скопјани, не кон мене, да го претстави концептот, во првиот круг од кампањата таа успеа да се сокрие позади многуте кандидати, но таа избегнува дуел затоа што нема реална програма и изгледа како да и се случило да биде кандидат, а не дека има познавања, рече тој.

Според Шилегов граѓаните треба да изберат дали сакаат Скопје да се развива и да оди напред, а не да се враќа во минатото.

-Со ништо досега ВМРО-ДПМНЕ кое стои позади кандидатката Арсовска  не покажаа дека имаат поинаков план од претходно. Јас ја повикувам на дебата ако сака и со Мицкоски, но да ги соочиме концептите, за јавен превоз, за инфраструктурата, тешката индустија, за  ГУП-от, кој и денес прави проблеми а беше донесен од таа структура, порача Шилегов.