Шилегов: Со вонредното прскање ќе се запрашат над 10 илјади хектари со 54 жаришта на комарци

83

– Последното прскање против комарци беше викендот на 15 август и согласно препораките на Институтот за јавно здравје беше одлучено да има пауза од десет дена. Требаше да биде денеска, но поради врнежливото време, е откажано за утре, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Предмет на запрашување се над 10 илјади хектари и тоа ќе се извршува во два дена, со што, како што посочи Шилегов ќе бидат опфатени сите 54 гнезда, односно жаришта на комарци на територија на Град Скопје.

– Се надевам дека со вонредното прскање ќе се надмине проблемот, за една сеозна што беше премногу врнежлива за да може со редовно одржување. До пред три дена немавме проблем, вонредни се околностите и затоа е вонредно и прскањето – изјави Шилегов.

Прашан колку ќе чини вонредното прскање против комарци, Шилегов
рече дека договорот што Градот Скопје го има склучено за прскање
против комарци е двегодишен, што значи оваа и следната сезона и
нема да чини ништо повеќе од тоа што е предвидено во буџетот.

– За жал, забораваме дека во првите дена од август имавме екстремни и невообичаени врнежи на дожд, што експертите тврдат дека се создале природни услови за неконтролирано размножување на комарците – изјави Шилегов.

Посочи дека имал консултации со Институтот за јавно здравје, за
можноста и за време на викендот да биде извршено вонредно прскање.

– Меѓутоа мора да го имаме предвид и здравјето на луѓето.
Препораките на Институтот се дека прскањето со инсектициди, ако е зачестено може да го загрози и здравјето на граѓаните. Токму и затоа беше одбрано да имаме пауза од десет дена, без оглед што последните три или четири се навистина мачни со комарците. Последното прскање беше викендот за 15 август и не мислам дека ќе беше во ред повторно да се создаде можност за евентуално поголема токсизација на воздухот – изјави Шилегов.

Прскањето требаше да биде денеска, но како што рече Шилегов, беше откажано поради врнежливото време.

– Утре во 4.30 ќе има запрашување на градот. Станува збор за една строго контролирана постапка, во која смесата се меша во присуство на претставници на производителот, на Град Скопје и здравствените институции, со цел на ниту еден начин не ја загрози безбедноста на граѓаните – изјави Шилегов.