Шилегов се сретна со амбасадорката на САД, Мери Бернс

144

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вчера оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на САД, Н.Е. г-ѓа Кејт Мери Бернс.

Градоначалникот Шилегов на амбасадорката Бернс и посака успешна работа и престој во земјава и Скопје.

На средбата се разговараше за досегашната соработка на Градот Скопје со амбасадата на САД, која двајцата соговорници ја оценија како одлична и изразија надеж дека истата и понатаму ќе продолжи да се развива.