Шилегов не се откажува: Јас ќе победам!

366

Модернизација ќе донесе изненадувањето на Али Ахмети, но не се работи за заеднички кандидат со СДСМ за Скопје, е тоа што беше познато на 24 часа пред „скокотливата„ објава на лидерот на интегративците. Иако медиумите објавија дека изненадувањето од Мала Речица, ќе донесе заеднички кандидат на коалиционите партнери за метрополата, ден пред големата вест, таа шпекулација беше отфрлена.

Дека не се работи за заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје, денес кажа и премиерот Зоран Заев.

-Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер,рече Заев.

После сите шпекулации дека ДУИ и СДСМ на претстојните локални избори ќе настапат со заеднички кандидат за градоначалник кој ќе биде фаворит за интегративците, и актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов  потврди дека од скопјани ќе бара доверба за уште еден мандат.

-Ќе се кандидарам за градоначалник на Скопје и ќе победам, изјави првиот човек на градот Петре Шилегов.

Ахмети пред два дена најави дека новата платформа ќе биде дискутабилна и ќе предизвика голема дебата слично како бранувањата за концептот „прв премиер Албанец“.

Дека изненадувањето кое ќе биде соопштено утре не е заеднички кандидат на ДУИ и СДСМ за градоначалник за следните локални избори, претходно потврдија и од ДУИ.

Во врска со шпекулациите дека Имер Селмани може да биде заеднички претставник на ДУИ и СДСМ за градоначалник на Скопје, извори од ДУИ за Плусинфо велат: Тој не е наш!

Дел од албанските медиуми објавија дека поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, Имер Селамани, би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје.               (Ј.Ц.Г.)