Шилегов му оддаде почит на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ

107

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов денеска присуствува на погребната церемонија на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на загребскиот градоначалник.

Како што информираат од Градот, утринава, заменичката на градоначалникот на Загреб, Јелена Павичиќ Вукичевиќ ги примилa градоначалниците на Скопје – Петре Шилегов, на Сараево – Абдулах Скака, на Белград – Зоран Радојичиќ, на Сплит – Андро Крстуловиќ – Опара, и на Љубљана – Зоран Јанковиќ, кои се запишале во книгата на жалост во градската управа.