Шилегов им честиташе вработување на новите 19 пожарникари

75

Противпожарната бригада на Град Скопје е зголемена со нови 19 пожарникари.

Во кругот на станицата на Противпожарната бригада во Автокоманда ги посети градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој им го честита вработувањето и им посака успешно да ги извршуваат обврските во оваа пожртвувана и хумана професија.