Шилегов заплени користени гуми наменети за горење

346

Инспекторатот на Град Скопје заплени користени гуми од автомобили, кои биле наменети за горење во текот на зимскиот период, информираат градските власти. Тие додаваат дека депото е целосно исчистено и испразнето и потенцираат дека борбата за чист воздух и околина мора да е секојдневна.

Скопјани ја поздравија заплената на гумите и сметаат дека е потребно долготрајно решение со отстранување на сите диви населби покрај кејот на реката Вардар.

-Уште сега се палат огнови и неподносливо е рекреирањето на кејот. Немаме повеќе трпение. Проблемот е посериозен, со оглед на однесувањето на лицата кои живеат таму-реагира скопјанката Анета Наумова.