Шилегов: Граѓаните ќе ги вклучам во процесот на носење одлуки во советот

22

За актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој истовремено е во трка за втор мандат за татко на градот не преставува проблем немањето мнозинство во Советот на Град Скопје. На прашање што значи за еден градоначалник да нема мнозинство во советот, Шилегов изјави дека е тоа не никаков хендикеп, туку може да е само убавина на демократијата.

– Во процесот на дигитализација што е во завршна фаза во нашиот град, во работењето на Советот јас имам намера да ги вклучам граѓаните, седниците на Советот и дневните редови да бидат јавно објавувани, и граѓаните да може да се произнесуваат по тие точки. На тој начин всушност заеднички да ги донесеме одлуките, граѓаните пред се, потоа јас и советот како институции. За мене секогаш било битно ова размислување на луѓето. Секогаш е добро кога треба да се разговара, тоа е убавината на демократијата. Во изминатиот мандат имавме над 20-тина пати носење на едногласни одлуки во советот затоа што добро се искординираа одлуките. Не е никаков хендикеп, може да е само убавина на демократијата, рече Шилегов.

Според последните резултати на Државната изборна комисија, следните четири години Советот на Град Скопје ќе има сосема различен состав од последниот, односно мнозинство советници нема ниту една од големите партии ВМРО-ДПМНЕ и СДМС.

Воедно, на денешната прес конференција градоначалникот Петре Шилегов, истакна дека недозволивата и срамна e црнатa кампања која против него и неговото семејство ја води ВМРО ДПМНЕ. Според него, кампањата на лаги за жал ја поддржува и неговата противкандидатка Данела Арсовска.

– Таа кампања господине Мицкоски и госпоѓо Арсовска е под секое цивилизирано ниво. Тоа што го правите е една од најлошите карактеристики на политичарите. Кога аргументи за работењето не постојат тогаш лагите ги користите како единствен начин за битка. Денес сум тука со документи да ги демантирам сите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и сите зборови искажани од митинзите за тоа колку и како сум ја злоупотребувал мојата функција и незаконити приходи. Овој документ, кој патем е изработен токму на барање на ВМРО-ДПМНЕ од страна на УЈП, потврдува дека мојата имотна состојба и сè што поседуваме јас и моето семејство е еднаква и соодветствува со пријавените приходи и платени даноци. Овој документ потврдува дека ниту еден денар повеќе од она за што сум го пријавил и за што сум платил данок немам потрошено, нагласи Шилегов.