Шилегов: Во целиот концепт битни се скопјани, четири години ги ставаме луѓето пред политиката

81

Во целиов концепт битни се скопјани. Начинот на кој функционираше Градот изминативе четири години е да ги ставиме луѓето пред политиката. Идејата е скопјани да ги прашуваме за секое битно прашање. Јас сум човек кој е спремен да се развласти себе си и Советот и да ги прашаме граѓаните, рече вечерва актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје Петре Шилегов во Топ тема.

Прашан да ја коментира изјавата на Заев дека ако не победи на изборите, тој ќе си оди од премиерското место, Шилегов не одговори конкретно, но истакна дека тоа не му претставува притисок.

– Јас оваа изборна кампања цело време се обраќам кон граѓаните на Скопје. Она на што сум особено горд е што во изминативе четири години успеавме да изградиме заедничко Скопје, дека за првпат делови од Скопје се осеќаат дека се дел од нашиот град бидејќи средствата рамномерно ги трошевме за сите делови. Очекувам дека скопјани кои можеби беа гневни оправдано кон определени политики својот гнев го испорачаа во првиот круг, сега е време да се договориме кој од нас двајцата треба да го води овој град. Јас сум убеден дека граѓаните ги препознаваат стратешките политики кои се имплементирани во нашиот град, рече Шилегов.

Според Шилегов, во вториот изборен круг изборот е многу поедноставен. Ние, рече тој, треба да одлучиме дали сакаме Скопје да го вратиме во 2017 година или ќе одбереме Скопје да се развива изнтензивно и храбро.

– Вториот изборен круг е ден кога започнуваме од нула-нула, и тој што ќе освои пвоеќе гласови ќе биде победник. Она во што сум убеден е дека Арсовска не понуди систем, понуди листа на желби. Битно е дали имате план и стратегија како до тоа се доаѓа. Апсолутно многу од овие работи кои се фундаментални за развој на нашиот град веќе се започнати и се одвиваат, рече Шилегов.