Шилегов: Водата не е поскапена, издвоен е надоместот за градско зеленило!

221

Цената на водата за пиење не е поскапена. Ова го тврди градоначалникот Петре Шилегов по реакциите на граѓаните дека добиле повисоки сметки за вода за 20 проценти.

Тој ова го образложува со фактот дека во сметките за прв пат е издвоена ставка за одржување на градското зеленило и ова е направено по налог на Регулаторната комисија за енергетика.

– Цената на водата е непроменета, надоместокот за зеленило е со одлука на Советот на Град Скопје од 2012 година. Она што ние го направивме е согласно решението што го доби Градот Скопје од страна на Регулаторната комисија согласно законските решенија од 2016 година дека мора да се издвои ставката за одржување на градското зеленило и сега таа е воведена во сметките за вода. Значи водата не е поскапена, само во сметката сега првпат е видливо како ставка и финансирањето на „Паркови и зеленило“. А процентот од 19,5 осто што сега за прв пат се гледа на сметките како таков постои од 2012 година, само првпат го правиме видлив во самата сметка – рече Шилегов.

Тој посочи дека не може да знае дали некои индивидуални сметки за вода се повисоки и додаде дека скопјани пијат најевтина вода во Европа.