Шефот на украинската разузнавачка служба тврди: Путин има тројца двојници, сите биле на пластични операции

214

Шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов, во изјава за британскиот Daily Mail тврди дека рускиот претседател Владимир Путин користи двојници на кои им биле извршени пластични операции.

Буданов во интервјуто вели дека украинската влада е постојано збунета од воените грешки на Русија во текот на инвазијата и затоа многумина се прашуваат дали Путин се уште ги носи клучните одлуки.

„Без разлика на тоа колку е лош, Путин не е идиот. Рускиот план не следи никаква логика. Прашање е дали се уште постои вистинскиот Путин“ – вели шефот на украинските разузнавачи со тврдење дека неговите луѓе откриле двојници користени да го заменат Путин во одредени прилики.

Буданов кој воедно е и генерал, вели дека употребата на двојник сега е вообичаена практика.

„Конкретно знаеме за три лица кои стално се појавуваат, но не знаеме колку ги има точно. Сите биле на пластични операции за да изгледаат идентично. Она што ги издава е висината, а тоа се гледа на снмимките и на фотографиите. Исто така, се забележуваат разлики во гестикулациите, во говорот на телото и во ушните ресички бидејќи тие се единствени за секоја личност“ – вели Буданов.

Првиот човек на украинските разузнавачи и претходно тврдеше дека Путин користи двојници. Пред неколку месеци тој за News week изјави дека Путин користел двојнци при јавните појавувања за да ги сокрие здравствените проблеми.

„Скликата на ушите е поинаква“, коментирае тогаш Будинов за фотографијата од состанокот на Путин со турскиот претседтаел Реџеп Таип Ердоган.