Шест тажни години од смртта на славната (македонско-хрватска) пејачка Љупка Димитровска-Калоѓера

266

Денес се навршуваат шест многу тажни години од смртта на легендарната (македонска) поп-пејачка Љупка Димитровска(Калоѓера). Таа во својата богата пејачка кариера стана доајен на забавната музика во поранешна Југославија, а врвот на својата популарност го достигнала во 70-те и 80-те години.

Првиот албум „Љупка“ го објавила во 1975 година за “Југотон“, а зад неа останале повеќе од пет децении присуство на музичката сцена. Отпеала многу хитови, незаборавни песни кои ги напишал најчесто нејзиниот (сега) веќе покоен сопруг, композиторот Никица Калоѓера. Со него ја имаше ќерката Ника.

Љупка, големи успеси постигнала пеејќи ги песните и во дует со својот естраден колега Ивица Шерфези.Особено ќе се памти нивниот хит “Малајка“, но и песната “Во двајцата е поубаво“. Исто така со голема популарност се стекнала и во некогашната Источна Германија, пеејќи ги песните на германски јазик.

Повеќепати пеела на Загребскиот, на Сплитскиот фестивал, на Белградска пролет, на Опатијскиот фестивал, на Месам, на фестивалите во Љубљана и Цавтат, а исто така и во Македонија во Скопје и Штип на “Макфест“ кога убедливо победи со мега хитот “Ѕвона ѕвонат“ напишан од Рајко Дујмиќ. Љупка испеа навистина големи ЈУ-хитови: „Јас го сакам, тој мене не“, „Чао, нема веќе љубов“, „Ќе се лути мојата мајка“, “Маестрал“, “Ете така не е лесно“, “Адио мој сакан“, “Води ме во циркус“, “Мојата Далмација“, “Кога ќе ја слушнам хармониката“, “Малечка русокоса“, “Не заборави“… овие песни се влезени во антологијата на забавната ексјугословенска и македонска музика.   (Д.М.) фото:Архива