Шест пожари изминатово деноноќие во Куманово и Старо Нагоричане

26

Шест пожари се случиле изминатово деноноќие на подрачјето на Куманово и Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарникарите интервенирале на запалена куќа, помошен објект, но и на опожарена борова шума.

ТППЕ Куманово, вчера гасела пожар на куќа во Куманово кај месноста „Стари Лозја“. Пожарникарите интервенирале 11:25 до 13:10 часот. Во куќата живее тричлено семејство кое ја загубило покуќнината.

Пожар имало и во близина на автопатот накај Табановце каде горела сува трева, од 12:20 до 12:50.

Во населбата Доброшане горел помошен објект. Во селата Брзак горела сува трева. Стрништа и трева гореле и на стариот пат Куманово-Скопје во атар на село Нкуштак, гореала сува трева и борова шума на приближно два хектари.

Во Старо Нагоричане била опожарена сува трева во село Макреш. Тамошните пожарникари интервенирале од 12:10 до 14:30 часот.