Шест лица загинаа во експлозија на метан во рудник во Пакистан

27

Во експлозија на метан во рудник во Пакистан загинаа шест рудари, а двајца се повредени, соопштија локалните власти.

Акцијата за потрага и спасување е завршена, но се уште се истражува причината за експлозијата.

Несреќите од ваков вид се честа појава во Пакистан поради неконтролираните безбедносни стандарди во рудниците за јаглен.