Двократниот европски шампион, тимот на Вардар се опрости од осуммина играчи на крајот од оваа сезона, како и од тренерот Стевче Алушовски. Од следната сезона во „црвено – црниот“ дрес нема да ги гледаме Ловро Јотиќ, Јосип Векиќ, Васко Шеваљевиќ, Робин Кантагрел, Марко Кизиќ, Кристијан Дисингер, Глеб Калараш и Иван Чипиќ.

Кантагрел е веќе нов играч на Тулуз, Кизиќ премина во Еурофарм Пелистер, Јотиќ во Лајпциг, Дисингер во Динамо Букурешт, а Чупиќ ќе ги брани боите на хрватскиот шампион Загреб. Се уште не се познати дестинациите на Шеваљевиќ, Калараш и Векиќ, како и на тренерот Алушовски.

Вардар во новата сезона засега има потпишано договор со шестмина играчи. Тоа се Мартин Томовски, Али Шафар, Дарко Ѓуќиќ, Едуардо Гурбиндо, Анте Кудуз и Жереми Тото. Во ракометните кругови се шпекулира и дека во наредниот период во редовите на македонскиот шампион ќе пристигнат еден десен и еден среден бек од Франција. Но, за ова се уште нема потврда од челниците на клубот.