Шестгодишното девојче починало по четири часа од приемот – за причините за смртта ќе се чека обдукција

57

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница. Во изјава за Фактор, директор на болницата, д-р Александар Обедниковски изнесе детали за неговата здравствена состојба.

-Девојчето беше примено вчера во 10 часот изутрина на Одделението за педијатрија. Во однос на здравствената состојба можам да кажам дека е донесено дехидрирано, со отоци на очите и со нагони за повраќање. Тука поврати само еднаш, а според тоа што го кажа мајката, дома повраќало два пати, но неколку дена претходно било болно. Почина точно во 14 часот, по четири часа откако беше примено. Други детали не можам да соопштам бидејќи случајот веќе се истражува, рече д-р Обедниковски за Фактор.

Според семејството, на девојчето му е дадена погрешна терапија, но директорот вели дека причините за смртта ќе се знаат откако ќе заврши обдукцијата.

-Телото е предадено на обдукција. Постапката обично трае две недели, а резултатите први ќе ги добие обвинителството, истакна директорот на Клиничка болница Битола.

Шестгодишно девојче кое имало симптоми на настинка, починало во болницата во Битола