Шер и кралицата на рокенролот пријателки до крајот:Најдобрата пријателка проговори за последните денови на Тина Тарнер/ВИДЕО

483

Тина Тарнер имаше многу блиски соработници од музичката сцена, но само на една колешка ѝ дозволи да ѝ се вовлече под кожата.

Шер беше нејзина најголема и најискрена пријателка, па не е изненадувачки што сите очи на јавноста по смртта на Тарнер беа вперени во неа, бидејќи е една од ретките кои знаат како изгледаше крајот на Тина.

Легендарната пејачка откри во посебна телевизиска емисија дека последните денови на Тарнер биле многу болни.

Подмолната болест ја вовела во фаза што била неподнослива.

„Таа толку долго се бореше против оваа болест и беше толку силна. Но, знам дека пред крајот, ми кажа еднаш „Навистина сум подготвена, едноставно не сакам повеќе да го поднесувам ова“, рече Шер дека Тарнер на некој начин ја повикувала смртта.

Шерз зборуваше за тоа дека Тарнер имала апарат за дијализа во својот дом кога ја посетила.

Според нејзините зборвите на Шер, Тарнер уживала во посетите на пријателите.

„Почнав да се потсетувам бидејќи си помислив:„Морам да го вложам ова време во нашето пријателство, за таа да знае дека не ја заборавивме. Значи, сите наизменично доаѓавме и поминувавме време со неа и тоа ја правеше среќна“, се потсети Шер.