Шерон Стоун на 62 години – Жена на годината за 2019

335

Познатата американска актерка Шерон Стоун, која се прослави со познатата сцена од филмот „Ниски страсти“ во 1992 година, во која ги прекрстува нозете додека полицаец ја испрашува, а притоа не носи гаќички. Токму оваа сцена таа одлучи да ја повтори на годинешното доделување на GQ Awards 2019, каде ја освои титулата „Жена на годината за 2019“.

„Кога снимав една од сцените за филмот, режисерот ми рече да му ја дадам долната облека затоа што не треба да ја имам во таа сцена. ‘Ништо нема да видиме’, ми рече тој. Не знаев дека овој момент ќе ми го смени животот“, рече Шерон Стоун.

Потоа, таа побара од публиката да ја имитира и да седне на начинот на кој таа седи и да ѝ се придружи во повторното креирање на култната сцена.

“Сите ќе го имате моментот што го имав. Ние имаме право да бидеме моќни во која било форма на сексуалноста што ќе ја одбереме. Никој не може тоа да ни го одземе. Мора да се претставите на начин што ќе ви овозможи да бидете сакани и почитувани”, додаде таа.