Шерон Стоун: За „Ниски страсти“ добив 13,5 милиони долари помалку од Мајкл Даглас

879
Фото: Twitter

Шеесет и петгодишната актерка Шерон Стоун откри нови детали за филмот „Ниски страсти“ (Basic Instinct), кој ја прослави во 1992 година, на 43-та церемонија на доделувањето на наградите Муза во Њујорк.

– Заработив само 500 илјади долари. Мајкл Даглас доби 14 милиони долари. Тогаш бев нова во светот на глумата, а тој беше голема ѕвезда. Не ме почитуваа доволно и продуцентот по грешка ме викаше Карен во текот на целото снимање. Дури и на Гувернерскиот бал, кој се одржа по Оскарите, ме викаше Карен. Навистина се чувствував понижено, иако моето име не беше споменато на плакатот – изјави фаталната русокоса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)