Репрезентацијата на Шведска може да го пропушти Европското првенство во атлетика во сала во Турција поради напнатата политичка ситуација меѓу земјите, пишува „Expressen“.

На 21 јануари во близина на турската амбасада во Стокхолм се одржа протест против влезот на Шведска во НАТО. Екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан го запали Куранот за време на акцијата, што пак доведе до протести како одговор

-Ние следиме што се случува и сме во близок контакт со Европската конфедерација и локалните организатори за да обезбедиме безбеден престој во Истанбул. Со оваа проблематика се занимаваме и во репрезентацијата и веќе се уверивме дека на патувањето е со нас и службеник за обезбедување. Одбивање на ЕП? Ова не може да се исклучи, но се надеваме дека тоа нема да се случи, изјави селекторот на Шведска, Кајса Бергквист.