Шведскиот премиер до граѓаните на државата: Подгответе се за илјадници мртви

239

Шведска мора да се подготви за илјадници мртви од Ковид-19, изјави денеска премиерот на државата.

„Ќе имаме илјадници мртви. Мора да се подготвиме за тоа”, рече премиерот Стефан Лофвен во интервју за дневниот весник „Дагенс Нихер”.

Државата се соочува со криза поради бројот на луѓе кои имаат потреба од грижа и падот на економијата.

Лофвен предупреди дека пандемијата на коронавирусот ќе трае „месеци, а не со недели”.

„Треба да ја имаме таа перспектива и да не се откажуваме од мерките.”

Проценката   за жртви   се заснова на искуството на другите земји и ширењето на вирусот во Шведска.