Шведска признава дека требала да воведе рестриктивни мерки

41

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој е застапник на стратегијата да не се затвори земјата поради пандемијата на новиот коронавирус, денеска призна дека требало да бидат воведени рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Тегнел изминатите месеци го бранеше својот пристап како одржлив, истовремено критикувајќи ги другите земји поради нивните престроги рестриктивни мерки.

Тој во интервју за Шведското радио се согчаси со водителот дека премногу луѓе починале во земјата.

– Сега кога би се соочиле со истата болест, со она што денес го знаеме, мислам дека би биле меѓу она што го направи Шведска и она што го спроведе остатокот од светот, нагласи Тегнел.

Шведска има највисока стапка на морталитет по глава на жител од Ковид-19 во светот. Во таа држава починаа над 4.400 луѓе, додека во соседните Норвешка, Данска и Финска има по околу 600 смртни случаи.