Откако беше одложен мечот меѓу ракометните репрезентации на Црна Гора и Шведска за пласман на ЕП 2022 година, заради позитивни тестови на коронавирусот и карантинот во кој се сместени ракометарите на скандинавската репрезентација, се појави нова надеж дека македонската ракометна репрезентација која е прва резерва може да заигра на Светското првенство во Египет. Оваа надеж од час во час станува се пореална, особено по информациите кои пристигнаа од Чешка.

На последните тестирања на чешката репезентација дури осум играчи биле позитивни на Ковид 19, вклучувајќи го и селекторскиот тандем Кубеш – Филип. Сега се чекаат новите тестирања, се повикуваат нови ракометари, но не е мала веројатноста дека Чесите би можеле да не учествуваат на СП. Одложеи се и нивните квалификациски натпревари со Фарски Острови.

Но, се уште ништо не е конечно, бидејќи на селекторите им беше дозволено да пријават 35 ракометари за Мундијалот токму поради пандемијата, а Чесите велат дека 14 играчи од тој список воопшто не биле на подготовките и немале контакт со другата група.

Чесите воопшто не размислуваат да се откажат од своето место на СП, па се чини само некаква превентивна одлука на ИХФ може да направи драстична промена. Во спротивно, оваа европска селекција ќе настапува и со подмладен состав и ќе дебитира на СП по една недела на дуелот со Шведска.

Од друга стрена Македонија во секој момент е подготвена да настапи на Мундијалот. Избраниците на селекторот Данило Брестовац веќе го користат овој период за подготовки, а одиграа и еден меч против Чиле, кој го добија со 25:21.