Ракометната репрезентација на Шведска е првиот финалист на Светското првенство во Египет, откако во полуфиналето ја совлада селекцијата на Франција со 32:26.

Швеѓаните на овој Мундијал допатуваа со сериозни проблеми во ростерот, без дури деветмина стандардни ракометари, но тие покажаа дека и ослабени играат извонредно цел шампионат темпирајќи ја беспрекорно формата за нокаут завршницата.

Левото крило Ване одигра извонреден натпревар и со единаесет гола ја беше најефикасен во селекцијата на Шведска, шест погодоци за победничката селекција постигна Петерсон, додека најефикасни кај Франција беа Деска со пет и Ремили со четири погодоци.

Во второто полуфинале вечерва во 20.30 часот ќе се сретнат Данска и Шпанија.