Швајцарски активисти се простија од глечерот кој „умира“

123

Стотина активисти за заштита на животната средина се простија од глечерот Пизол во Швајцарија, за којшто се проценува дека ќе исчезне до 2030 година, како резултат на глобалното затоплување. Глечерот Пизол, кој сега е помал од десетина квадратни километри, се наоѓа на источниот дел на Швајцарија во Гларнските Алпи и се повлекува со растот на температурите.

https://twitter.com/AFPphoto/status/1175786831419514880

Се проценува дека Пизол, кој се наоѓа на 2600 метри надморска височина, до 2030 година најверојатно целосно ќе исчезне.

„Сум се качил овде многу пати. Тоа е како да ти умира најдобар пријател“ рекол Матиас Хас, глациолог од универзитетот ЕТХ Цирих.

Глечерот во 1987 година бил голем 0,32 километри квадратни, а денеска има само 0,06 километри квадратни. Пред само четири години глечерот покривал површина од 0,1 квадратни километри.

Во Швајцарија инаку има 1500 глечери. Инаку претходно во август годинава ист ваков настан е одбележан во Исланд.