Скандалот што го приредија репрезентативците на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шакири, за време Мундијалот во Русија, кога се обидоа да ги испровоцираат Србите со покажување на албанскиот двоглав орел, не смее да се повтори на Светското фудбалско првенство го Катар.

Двајцата играчи беа осудени од швајцарската јавност затоа што ги прославуваа головите на репрезентацијата со симболите на друга земја, со што директно ги провоцираа противникот и навивачите.

Директорот на швајцарската репрезентација, Пјерлуиџи Тами, изјави за тамошните медиуми дека ќе направи сè да не се повтори ова во Катар.

  • Светското првенство не се состои само од натпреварот со Србија, дури и ако се знае колку е посебен овој натпревар со оглед на тоа што се случи во 2018 година. Не сакаме да ги правиме истите грешки, тука сме да играме фудбал и ништо друго. Не сакаме да испраќаме никакви политички или верски пораки – изјави Тами за „Клартекст“.

Потоа, посочи дека вредноста на репрезентацијата значи почит кон противникот.

  • Сакаме да ги претставуваме нашите вредности. Една од нив е почитта. Покажуваме почит кон другите мислења. За мене би било грешка да испровоцирам некого со гест, без разлика на играта. Не треба да има зборови, гестови или општо однесување што предизвикува други реакции. Кога навиваме, ја покажуваме нашата радост, тоа е важно. Но, не мора да провоцираме.

Инаку, на оваа тема неодамна зборуваше и Валон Бехрами, поранешниот швајцарски репрезентативец кој во 2018 година играше против Србија.

  • И денес ја мразам таа тема. Тоа е фудбал, а не политика. Не му е местото на тој гест на фудбалскиот терен. Ова е глупост, не играме војна. Тогаш бев обвинет во Косово што не учествував во тој гест. Српските играчи се мои пријатели, тие се родени по војната. Затоа на ова Светско првенство треба само да играте фудбал и да игнорирате сè останато – смета Бехрами.