Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски денеска ги потпишаа измените и дополнувањата на Гранскиот колективен договор.

Шаќири и Грујовски изразија подготвеност за унапредување на соработката со цел обезбедување на најдобрите можни услови за работа на вработените во органите на државната управа, а се дискутираше и за можноста за зголемување на нивните плати.

„Ние сме посветени и ќе работиме во оваа насока да ја постигнеме целта“, рече министерот Шаќири.

Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), со потпишувањето на измените и дополнувањата на Гранскиот колективен договор се врши допрецизирање на органите на управата кои ги опфаќа Гранскиот колективен договор, на организацијата на работата во услови на криза или вонредна состојбам на критериумите за користење на годишниот одмор (се дава можност да трае повеќе од 26 работни денови), се враќа критериумот за степен на образование и регресот за годишен одмор (К-15).