Шахпаска: Недела треба да е ден за семејството

40
Министерството за труд и социјална политика побара согласност и предлози од Незаисната угостителска комора за владината иницијатива недела да биде прогласена за неработен ден.
„Иницијативата недела – неработен ден која треба да биде преточена во законско решение е со цел денот недела биде ден за семејството, во насока на негување на традиционалните вредности. Исклучоци секако дека мора да има, за дејностите кои се од витално значење и од кои зависи функционирање на општеството”, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по средбата со Независната угостителска комора.