Шахот ќе биде изборен предмет за основците

59

Од новата учебна година, шахот ќе биде изборен предмет за децата од прво и второ одделение, потврди Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), откако нејзината програма била прифатена од Бирото за развој на образованието. За почеток, пренесува ТВ 24 ќе бидат опфатени само овие возрасти, зашто така е дозволено со наставниот план и програма.

– Неколку години се обидувавме да го воведеме шахот како изборен предмет, по примерот на неколку други земји, како Полска и Англија. Оваа година наидовме на позитивен пристап од страна на Министерството за образование и министерот Јетон Шаќири, па така почна целата иницијатива. Шахот има многу придобивки. Децата кои го изучуваат шахот од рани години имаат зголемена концентрација, подобро логичко размислување, подобри се во решавањето проблеми, анализа и слично, велат од Шаховската федерација.