Шарм наследен од таткото -синот на Пирс Броснан стана модел

163

Париз Броснан синот на познатиот холивудски актер Пирс Броснан, кого го добил со новинарката Кили Шеј Смит, порасна и започна да се бави со манекенство. За разлика од славниот татко на кој занимавање со актерството му е на прво место, Париз влезе во манекенските води.

Деновиве тој ја прошета пистата рамо до рамо со познатата убавица Стела Максвел на модната манифестација организирана од славната манекенка Наоми Кембел “Fashion For Relief“ и Лондонската модна недела. Се зборува дури и дека токму Париз Броснан ù е миленик.

Гордиот татко, пак, цело време го гледаше својот син од публиката.

Париз на модната писта исто така се појави и во неколку ревии за некои од најголемите модни имиња како „Долче и Габана“ и „Ралф Лорен“, а ги красел и многуте насловни страници на списанијата како Teen Vogue, GQ Korea, Numero, Vanity Teen и Rollercoaster.

Париз, исто така, е многу популарен и на „Инстаграм“, за што зборува големиот број негови следбеници, па така неговите активности и модни перформанси ги следат над 145.000 фанови.