Холивудската актерка Шарлиз Терон во последно време успешно балансира меѓу улогите во драмите и акционите филмови. По големата улога во минатогодишниот хит (Тие се бомби) “Bombshell“, Шарлиз годинава ќе глуми во суперхеројскиот филм  (Старата гарда) „The Old Guard“, кој ќе биде достапен на „Нетфликс“ од 10 јули.

Според Coming Soon, ова е адаптација на истоимениот стрип на Грег Рак за група војници предводени од жена по име Енди, која ја игра Шарлиз Терон. Тие инаку се бесмртни и со векови работеле за други како платеници, а во 21 век, сепак, откриваат дека не се единствените кои ја поседуваат таа моќ.

Во исто време, им се заканува нова опасност од непозната организација која го снимила нивното „издигнување од мртвите“ на камера.

Филмот „Старата гарда“ е во режија на Џина Принс-Блитвуд, главната улога и припадна на добитничката на Оскар, Шарлиз Терон, а покрај неа, глумат и Марван Кензари, Кики Лејн, Матијас Шоенаерс, Лука Маринели, Хари Мелинг, Чиветел Еџиофор и Вероника Нго.