Поранешната тенисерка Русинката Марија Шарапова го направи она за што многумина сонуваа. Убавицата го остави својот телефонски број на социјалната мрежа „Твитер“ и им порача на сите кои сакаат да ја контактираат.

Петкратната грен слем шампионка со овој потег ги воодушеви своите следбеници не само на „Твитер“, туку и оние кои ја следат на „Инстаграм“.

-Не само што добив број 310, туку и ви го давам на вас – пратете ми порака! Мојот број е 310 – 564 – 7981. Навистина. Кажете ми како сте, поставете ми некое прашање или само  поздравите. Добредојдени се и некои вкусни рецепти, напиша Шарапова.