Хрватската тенисерка Дона Векиќ беше последната противничка на Русинката Марија Шарапова, по што изјави дека тие заедно тренирале пред почетокот на Австралија опен и тогаш убедливо победила Русинката.

-Никој не го знае ова, но ние во зимската пауза многу често трениравме заедно. Таа на тренинг во Италија убедливо ме победи, но тренинг-мечевите се поинакви од официјалните. Мислев дека може да освои уште некоја титула, но ете, на крајот јас бев нејзина последна противничка, изјави Векиќ.

Векиќ во првото коло на Австралија опен играше со Шарапова и славеше со 6:3, 6:4. Набрзо потоа, Шарапова објави пензионирање. Последната победа Шарапова ја имаше на мастерсот во Синсинати, во 2019 година, против Алисон Риске.