Канаѓанецот Денис Шаповалов го осови турнирот во Стокхолм, прв во својата професионална кариера. Шаповалов (20) и моментно 27 – ми тенисер на АТП листата по најголемиот успех во својата кариера изјави дека наскоро младите играчи ќе ја наследат големата тројка – Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

-Сигурен сум дека наредната сезона ќе има многу изненадувања. Очигледно дека големата тројка сеуштее е тука и играат многу добро. Сепак, порано или подоцна ќе ги симнеме од врвот. Треба само да бидеме трпеливи, изјави Шаповалов и откри кој би можел да ги загрози најдобрите.

-Младите играчи полека се искаќуваат на АТП листата. Медведев последните неколку месеци направи голем чекор напред. Сигурен сум дека по неговите стапки многумина ќе тргнат, бидејќи има многу талентирани тенисери. Тука се и Тиафо, Циципас, Зверев… Секој има свој пат, додаде Канаѓанецот.

Тој е исто така еден од оние кои би можеле да ја одбележи иднината на тенисот.

Мислам дека многу лесно се пробив на АТП листата со неколку добри резултати. Меѓутоа, мојата ига не е на највисоко ниво. Имав многу подеми и падови. Затоа последните неколку години работев на моите слабости и станав многу подобар, заврши малдиот тенисер.