Во европскиот ракометен шампион Вардар дојде како замена за Лука Циндриќ, но брзо ги освои срцата на навивачите на „црвено – црните“ и покажа дека е класа играч. Словенецот Сташ Скубе, за интернет порталот „Балкан Хендбал“ истакан дека денот кога ја осовил Лигата на шампионите го смета за најубав во животот. Средниот бек зборуваше и за останувањето во клубот и ситуавијата во која моментно се наоѓаат и поминуваат „црвено – црните“

  • Јас сум оптимист и се надевам дека работите ќе бидат подобри. Тие што останавме во клубот треба да одиграме чесно до крајот, па ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Знаеме дека Сергеј веќе нема да биде во клубот, искрено не можам да ви кажам како ќе биде и што ќе биде следната година. Се надевам дека ќе се најде некој кој ќе го врати Вардар на патот кој го заслужува, затоа што Скопје живее за ракомет. Имам договор уште две години, но знаеме дека тој договор во моментов и не значи многу. Можам да кажам дека наскоро ќе решам, а шансите се 50-50 да останам“, изјави Скубе.