Актуелниот шампион во Евролига, екипата на Анадолу Ефес, ја забележа првата победа сезонава во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување во Европа. Тие славеа на домашен терен против Уникс Казан со 71:68, а до победата дојдоа благодарение на последниот период кој го добија со 24:17.

Резултати: Жалгирис – Баерн 73:75, Макаби ТА – Панатинаикос 77:73, Милано – Лион 73:72, Реал (М) – Фенербахче 70:69.