Еден од најдобрите ММА борци на денешницата и шампион во средна категорија во УФЦ, Израел Адесања, откри дека често гледа филмови за возрасни и има три омилени порно-актерки.

Во интервју за „Скор“, Адесања рече дека најмногу ужива во „акциите“ на Миа Малкова, но дека веднаш до неа ги става Абела Дејнџер и Холи Мајклс.

  • Миа Малкова е на врвот, тука се и Абела и Холи. Има и повеќе, списокот не е многу краток. Сите гледаме порно-филмови, мастурбираме, имаме секс… Тогаш, зошто се правиме дека не е така? Нема потреба да се срамиме од нашата сексуалност, распали Израел како од пушка.

Нигериецот, кој е стациониран во Нов Зеланд, под чие знаме се бори, вели дека порно-актерките имаат огромна популарност на социјалните мрежи, па преку нив може да достигне до поголем број следбеници. Тој има особено добри односи со порно-ѕвездата Кендра Ласт, која има повеќе од пет милиони следбеници на Инстаграм. Таа е позната како голем обожавател на ММА-борбите.

  • Таа е толку кул, тренира напорно. Понекогаш ја прашувам зошто целиот овој напорен тренинг, но тоа е само таа, вели Адесања.

Инаку, Адесања имаше што да им порача и на медиумите во САД, пред сè оние што „ги штитат криминалците и убијците“.

  • Американските медиуми се најлицемерни. Тоа навистина го мислам. Кога реков дека сум го срушил својот противник како „кулите Близначки“ сите полудеа, иако беше очигледна шега, заклучи Нигериецот.