Јужноафриканскиот натпреварувач во брзо одење Лебоганг Шанџ, суспенсиран е на четири години заради допинг и ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио. Поранешниот шампион на Африка беше пријавен за трката на 20 километри, кој на програмата на Игрите е на 5. август.

Судот за спортска арбитража (ЦАС), пресудата за овој случај ја донесе ов Токио.

Овој 30 – годишен атлетичар беше позитивен на анаболички стероид – тренболон и привремено веше суспендиран во декмври 2019 година. Неговата комплетна суспензија ќе истече пред почетокот на Олимписките игри во Париз во 2024 година.