Шабани: Редовно да се плаќаат сметките за ѓубретарина

95

ЈП „Комунална хигиена“ апелира до своите корисници преку редовно и навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад да придонесат за ефикасно одржување на хигиената и чистотата на градот Скопје.

– Во текот на изминатите два месеца, ЈП „Комунална хигиена“ спроведе низа вонредни мерки и активности со цел максимално да се заштити колективното здравје и да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Седум пати во неделата, во три смени, нашите екипи го собираат и го транспортираат комуналниот отпад и на највисокото ниво ја одржуваат хигиената на дури шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје. Минатиот месец, тие за само седум дена отстранија над 500 кубни метри несовесно исфрлен отпад, директно придонесувајќи за заштита и одржување на здравата и чиста животна околина – изјави директорот Абдусамед Шабани.

Тој потсетува дека платите на овие вредни работници се обезбедуваат исклучиво преку плаќањето на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад и само преку редовно и навремено плаќање на сметките може да им се обезбеди достоинствен живот на тие луѓе.