Чукуензе како „карамела“

51

Англискиот премиерлигаш Евертон е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на најдобриот фудбалер во дресот на шпанскиот прволигаш Вилјареал, Самуел Чукуензе. Крилниот напаѓач совршено ја одигра изминатата сезона и сосема очекувано го привлече вниманието и на раководните лица на Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Неговиот договор со „жолтата подморница“ е со важност до 2023 и во него има ослободителна клаузула од 71 мил. фунти.