Чудовиштето ме силуваше, јас имав само 15 години!

77

Еден од најдобрите гимнастичари во историјата, Белорусинот Витали Венедиктовиќ Шербо, по многу нешта ќе биде запаметен кога во прашање е овој спорт, особено поради неговата биографија. Ако не е најдобар, како што многумина тврдат, тогаш сигурно е најкомпплетен гимнастичар на сите времиња, бидејќи во текот на кариерата освоил олимписко и светско злато во сите дисциплини.

Во својата витрина има 12 златни, седум сребрени и четири бронзени медали од Светските првенства, како и десет злата, пет сребра и три бронзи од Европските шампионати. Во сезоната 1990/91 стана член на репрезентацијата на Советскиот Сојуз, а по само неколку месеци беше второпласиран на повеќе гимнастички натпреварувања.

На ОИ во Барселона во 1992 година освои шест златни медали, од кои пет во поединечно и една во машко натпреварување  (под знамето на Заедницата на Независните Држави). Беше спортист со најмногу освоени медали на тие ОИ, а само пливачот Мајкл Фелпс (8 злата на ОИ во 2008 година) и Марк Шпиц (седум злата на ОИ 1972) освоиле повеќе златни медали на едни ОИ. Ниту еден гимнастичар пред или по него не освоил повеќе најсјајни одличја на едни Игри.

По конечното распаѓање на СССР се натпреваруваше за Белорусија. Беше повеќекратен светски шампион во гимнастика. Освои четири бронзени медали на ОИ во Атланта во 1996 година. Пред тие ОИ, неговата сопруга имаше тешка сообраќајна несреќа, што го попртечила во подготовките, а воедно се рехабилитирал и од претходната повреда. Ја заврши кариерата во 1997 година.

Денеска тој живее и работи во Америка, каде со фамилијата побарал сигурност по грабежот во неговиот дом и обидот да ја киднапираат неговата ќерка.

Меѓутоа ова е само мал дел од неговата историја. Надвор од теренот е поврзуван со илјадници скандали. Имено, олимписката шампионка од Барселона 1992 година, гимнастичарката Татјана Гицу, по 26 години призна дека поранешниот колега ја силувал! Таа се вклучила во акцијата на „Твитер“ и признала дека била силувана како малолетничка. Освојувачката на четири медали на ОИ во Барселона откри дека тоа и го направил нејзиниот колега Шербо и воедно го шокираше спортскиот свет. Како што вели, овој скандал се случил во 1991 година, кога имала 15 години, во текот на натпреварувањето во Штутгарт, каде и двајцата го претставувале Советскиот Сојуз.

  • Витали Шербо ме силуваше на натпреварувањето во Штутгарт во 1991 година. Тој е чудовиште кое ме држеше во сопствениот затвор поради страв од закани, напиша Гуцу при својата исповед на социјалните мрежи.