Собните билки обично ги одгледуваме за да им се радуваме и воодушевуваме на нивното зеленило, листови и прекрасните цветови. Постојат растенија кои не се само убави, туку имаат и цела палета на корисни својства. Благодарение на некои нивни особини, тие значително ја подобруваат микроклимата на нашиот дом.

Една од нив е чудесниот „клорофитум“ или зелен лијан.

Оваа билка не бара посебни услови за одгледување, можете да гон чувате на темно или светло место. На светло „клорофитумот“ со текот на времето станува посветол, а линиите на неговите листови стануваат подекоративни, додека кај билките во сенка, линиите на листовите постепено исчезнуваат.

Зелениот лијан има способност активно да го прочистува воздухот во просторијата. Многу ефикасно ги неутрализира материите кои се штетни за човечкиот организам како што се фенол, бензен, формалдехид и други, кои во големи количини ги испуштаат современите материјали за завршна обработка и мебелот од иверка.

Многу ефикасно ги апсорбира гасовите, го впива јаглеродниот диоксид, а одлично го неутрализира и димот од цигарите.

Оваа билка ја препорачуваат и следбениците на древната кинеска доктрина Фенг Шуи.