Се почесто тема на разговор во спортската јавност,особено меѓу љубителите на тенисот е пензионирањето на Швајцарецот Роже Федерер (39). Најторфејниот тенисер во светот од подамна е во дилема дали да ја заврши кариерата или пак да одигра уште една сезона, но по се изгледа дека крајот на неговата богата кариера се ближи.

-На почетокот многу ми беше важно здравјето, но сега навистина ми недостасува чувство за играње на полн стадион. Знам дека се ближи моментот на повлекувањето. Би било премногу сега да кажам крај, но се уште сакам да играм и уживам, изјави Федерер за „Зеит“

Федерер е рекордер по бројот на освоени титули на грен слем турнирите (20), една помалку од него има Рафаел Надал, а Новак Ѓоковиќ заостанува три титули зад Швајцарецот.

-Станав подобар тенисер благодарение на Борис Бекер, го сакав неговиот стил. Но подоцна мојот фаворит беше Стефан Едберг, порача Федерер.

Роже заради операцијата оваа сезона ја заврши и се очекува да биде подготвен за наредната, но не е сигурно дали ќе ја одигра цела или само до Вимблдон, турнирот кој досега го има осовено осум пати.