Најдобрата холандска ракометарка Корнелија Ники Грот (32) објави дека по завршувањето на сезоната 2020 /2021 година ќе и стави крај и на својата кариера.

-После многу години играње на највисоко ниво, морам да признаам дека сум исцрпена и физички и ментално, изјави Грот и додаде: „Чувстувам дека моите батерии се веќе празни“

Холанѓанката, која игра на позицијата среден бек, три пати се закити со титулата во Лигата на шампионите со унгарскиот Ѓер. Со репрезентацијата на „лалињата“ освои неколку медали, а на ЕУРО 2016 во Шведска беше избрана за МВП.

Играчката кариера ја заврши и рускиот ракометар Константин Игропуло. Десниот бек, кој е осовјувач на Лигата на шампионите со Барселона од 2011 година и долгогодишен член на националниот тим, одлучи да и стави точкан а кариерата поради проблеми со повредите.

Тој од минатото лето беше без договор, поточно откако се раздели со полскиот вицешампион Висла Плок.