Едноставен рецепт за подготовка дури и ако сте почетници во кујната.

Состојки:

  • 100 гр лешници
  • 2 лажици рум (темен)
  • 1/2/ лажица кора од портокал (рендана)
  • 100 грама темно чоколадо

Подготовка:

Лешниците потпечете ги на тава, а потоа сомелете ги во машина, додерка не се претворат во леплива паста.

На пастата додадете ги останатите состојки и со раце обликувајте топчиња

Топчињата валкајте ги во топена чоколада, а потоа ставете ги на масна хартија за чоколадото целосно да се исуши и здрви.

Потоа уште еднаш потопете ги во смесата од топено чоколадно и оставете да се исушат.

Вака подготвени се топат во уста.

Уживајте во вкусот!