Чоколадни мини тортички без брашно

106

Многу е забавно кога се пробуваат нови рецепти со необични намирници, но и поинаков начин на подготовка. Ова е рецепт е здрав, интересен и вкусен бисквит, без брашно, засладен со зрела банана и мед. Користете го како база, во комбинација со компот или свежо овошје, со слатка павлака, но нема да згрешите и ако го засладите со богата чокладна глазура.

Потребно е (за 6 мини тортички):

  • 100 гр мелени бадеми
  • 20 гр какао во прав
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 1 зрела банана
  • 30 мл кокосово (или маслиново) масло
  • 3 лажици мед
  • за чоколадната глазура:
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 250 мл слатка павлака

Подготовка:
– Бананата изгмечете ја со вилушка и додадете ги маслото, медот и јајцето. Потоа постепено додадете ги сувите состојки и измешајте убаво.

– Смесата распоредете ја во калапи за печење на мафини или пак може да користите калап за куглоф, кои претходно ќе ги премачкате малку со масло.

– Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25 минути (со чепкалка за заби проверете дали е печено).

– Во меѓувреме подгответе ја чоколадната глазура. Во сад на рингла на умерена температура ставете ги слатката павлака и чоколадото за готвење и мешајте додека не добиете хомогна смеса.

– Кога ќе се изладат прелијте ги со чоколадната глазура и украсете ги со сецкани бадеми или ф’стци.