Некои крадци бидуваат фатени оти се вратиле на местото на злосторството, но некои крадци воопшто и не го напуштиле местото на злосторството. Вака заклучи швајцарската полиција која реши случај на кражба на 31 шише скапоцено вино и шампањско.

Полицајците дошле на повик во станбена зграда во Менцинген покрај Цирих за да истражат обиена визба, соопшти локалната полиција.

Утврдиле дека не само што осомничениот украл шишиња вино вредни 2000 швајцарски франци, меѓу кои и неколку шишиња од познатиот француски производител Шато Мутон Ротшилд, како и шампањско Дом Перињон, туку и дека пленот го испил на лице место во текот на следните неколку дена.

Пијаниот маж кој ноќите гио поминувал спиејќи во гаражата од станбениот комплекс бил уапсен од полицијата на местото на злосторството.

-Мажот, на возраст од 38 години, е притворен, но мораше да биде хоспитализиран поради алкохолно труење, соопшти полицијата.